Поморските научници на истражувачкиот брод Наутилус открија пресушено езерско корито кое изгледа како „пат од жолта цигла“, а научниците беа инспирирани да го опишат и како „пат до Атлантида“.
Откритието е резултат на истражување на подводни планини формирани од вулканска активност во областа наречена гребен Лили’уокалани во Пацификот, кој е дел од заштитеното подрачје наречено Papahānaumokuakea Marine National Monument (PMNM). Тим од научници користи возило на далечински управувач за истражување.
PMNM се наоѓа северозападно од Хавајските острови и опфаќа 1.510.000 квадратни километри, вклучувајќи десет острови. Е/В Наутилус го помина поголемиот дел од минатиот месец истражувајќи ја областа, проучувајќи ги геолошките и биолошките системи на подморските планини.
Видеото објавено на YouTube го покажува момент на истражување на „патот до Атлантида“.
Иако формацијата наликува на патека направена од тула, таа всушност е примерок од пукнатини на морското дно што е резултат на „праисториската активна вулканска геологија“.
Пукнатините се резултат на „стресот предизвикан од загревањето и ладењето поради повеќекратните ерупции на гребенот“.
Бродот Наутилус го користи непрофитната организација Ocean Exploration Trust, која е посветена на истражување на океаните.
Поврзани артикли