FIFA 22 е секако меѓу најпопуларните игри во светот. Достапна е на сите платформи и сега има навестувања дека корисниците на различни платформи наскоро би можеле да ја играат оваа игра меѓу себе.
Во десеттиот месец од минатата година FIFA 22 стана официјален и тоа е 29-то продолжение на FIFA серијата. На почетокот на октомври, Electronic Arts (EA) ја објави оваа игра за Microsoft Windows, Nintendo Switch, PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One и Xbox Series X / S. EA сега објави дека во блиска иднина ќе започне со тестирање на cross-play помеѓу играчите на три платформи – PlayStation 5, Xbox Series X и S и платформата Stadia на Google.
Вкрстеното играње ќе биде ограничено на два начини на игра во рамките на FIFA 22 и тоа Online Seasons и Online Friendlies, соопшти Electronic Arts. Тие додадоа дека причината за ограничувањето на овие два начина е тоа што ќе ја ограничи можноста оваа функција да доведе до проблеми во играта.
Cross-play функцијата ќе може да се овозможи или оневозможи од менито достапно во долниот десен агол на главното мени на играта, но ќе има и опција за вклучување или исклучување на функцијата во менито Matchmaking Options.
ЕА изјави дека ќе се појави индикатор додека играте онлајн натпревари кога играчот е на друга платформа, но тие наведуваат дека тестот не треба да има директно влијание врз играњето на FIFA 22.
Поддршката за меѓусебно играње за FIFA 22 сигурно ќе има најголемо влијание врз корисниците на Google Stadium платформата. Бројот на корисници на оваа платформа е значително помал од бројот на корисници на PS5 и Xbox, па сега корисниците на Stadia ќе имаат значително поголема база на конкуренти за играње на популарната игра.
Поврзани артикли