Facebook почна да испраќа известувања до корисниците дека ќе започне да ги отстранува функциите базирани на локација.
Социјалната мрежа планира да ги оневозможи функциите како што се Nearby Friends, но не е објавена конкретна причина за овој потег. Покрај тоа, податоците за локацијата собрани од корисниците ќе бидат автоматски оневозможени.
Функцијата „Nearby Friends“ беше додадена на Facebook во 2014 година и беше имплементирана за да се создаде подобра врска помеѓу пријателите. Функцијата е достапна за платформите Android и iOS, кои веќе имаат можности за следење преку GPS.
Од 1 јуни, временските предупредувања, историјата на локација и историјата во позадина исто така нема да бидат достапни. Бидејќи Facebook не споменува планови за враќање на споменатите функции, се верува дека тие трајно ќе бидат отстранети.
Од 31 мај споменатите апликации и сервиси ќе престанат да собираат податоци за локацијата, а корисникот нема да мора ништо да прави. Фејсбук автоматски ќе оневозможи сè.