Mini моментално ја развива следната генерација на своите основни модели, вклучувајќи hatch со три врати и crossover Countryman.
Производството на генерации што заминуваат сè уште е во тек, но овој производител одлучи да ја поедностави линијата за преостанатите месеци на производните траки.
Проблемите во синџирот на снабдување го принудуваат Mini да го запре производството на автомобили со рачен менувач, наведува Motor1.
Со оглед на тоа што кризата со микрочипови продолжува и други проблеми исто така ја погодуваат и автомобилската индустрија, Mini сака да „обезбеди стабилност на производството“ и да одговори на зголемената побарувачка за своите производи, пренесува британскиот магазин Autocar.
Се чини дека оваа одлука е за глобалните пазари, не само за Обединетото Кралство. Засега од Mini не потврдуваат дали овој потег ќе биде траен или само привремен додека не се ублажи недостатокот на чипови.
„Сегашните околности, вклучително и војната во Украина и недостигот на полупроводници, предизвикуваат ограничувања во синџирот на снабдување низ глобалната автомобилска индустрија“, се вели во соопштението на Мини.
„За да се обезбеди максимално производство за да се задоволи растечката побарувачка, нашата палета на производи треба да се поедностави. Ова решение е најефикасниот начин да се обезбеди стабилност на производството за да можеме да продолжиме да ги снабдуваме сите наши клиенти со нови Mini“, додаваат оттаму.
Ако недостатокот на чипови продолжи во текот на следната година и понатаму, нема да бидеме изненадени ако новите Mini Hatch и Countryman пристигнат исто како модели со автомати, барем на почетокот. Двете возила се очекува да дебитираат пред крајот на оваа година и да бидат пуштени во продажба во првиот квартал од следната година.
Поврзани артикли