Оперативниот систем на Google за паметни телефони е полн со различни функции. Издвоивме десет помалку познати кои веруваме дека ќе ви користат.
Уредите со оперативен систем Андроид, по правило, се многу поприлагодливи и побогати со карактеристики отколку што е случајот со моделите iPhone на Apple. Избравме десет од нив кои на повеќето корисници често им недостигаат, а кои можат да бидат практични во различни ситуации.
1. Поврзете го телефонот со компјутер со Windows
Со апликацијата „Your Phone“, за оперативниот систем на Microsoft, можете да го поврзете паметниот телефон со компјутерот и да ги прегледувате фотографиите што сте ги направиле со телефонот
Во поставките на компјутерот, изберете ја опцијата Add a Phone и следете ги упатствата. Откако ќе ги спарите уредите, ќе можете да остварувате повици, да испраќате и примате текстуални пораки и да гледате фотографии од телефонот на вашиот компјутер.
2. Уредете Quick Settings
Ако сакате вашиот паметен телефон да прикажува некои други функции меѓу брзите поставки наместо оние наведени со почетните поставки, можете лесно да го поставите.
Поминете со прстот надолу додека сте на почетниот екран (повлечете) и допрете ја иконата за пенкало на горниот дел од екранот, а потоа додајте го она што го сакате.
3. Инсталирајте апликации од вашиот компјутер
Не мора да го имате телефонот при рака за да инсталирате апликации на него. Можете да отворите Google Play на вашиот компјутер, да изберете што сакате да инсталирате и потоа да го направите тоа од далечина. Ако имате повеќе уреди со Android во истата сметка, ќе можете да го изберете оној што сакате да го користите.
4. Приспособете го приказот на известувањата
Android ви овозможува да го означите приказот на известувањата кои доаѓаат од одредени контакти, а разменетите пораки остануваат на едно место во форма на разговори.
Можете да го приспособите прикажувањето на пораките со „балончиња“ над другите апликации така што ќе ги вклучите во поставките и ќе означите контакт како приоритет.
Самите известувања имаат функција Bubbles со три опции: All Conversations Can Bubble, Selected Conversations Can Bubble и Nothing Can Bubble. Изберете ја првата ако сакате да ги видите сите пораки во балончињата, втората ако сакате да видите некои од нив или третата ако не сакате да гледате такви пораки.
5. Додадете виџети и приспособете го почетниот екран
За да додадете widget, доволно е да притиснете на слободниот простор на почетниот екран. Потоа изберете Widgets и означете го оној што сакате да го додадете.
Долгото притискање на почетниот екран, исто така, ви дава пристап до други поставки. Меѓу другото, можете да отстраните одделни елементи на екранот или да го исклучите ротирањето на почетниот екран.
6. Вклучете ја камерата брзо
На повеќето паметни телефони со Android, можете да ја активирате камерата со двојно кликнување на копчето за вклучување и исклучување на уредот. Исто така, можно е да се користи копчето за контрола на јачината на звукот за фокусирање, а со долго притискање и за снимање видео.
7. Дајте им безбеден пристап на другите
Оваа опција е корисна ако сакате да дозволите некој друг да го користи вашиот телефон, но не сакате да има пристап до вашите апликации, податоци и поставки.
Отворете ги по ред Settings, System и Advanced, а потоа вклучете ја опцијата Multiple Users. Може да ја вклучите и опцијата Add Users from Lock Screen за да може да додавате корисници од заклучениот екран.
Откако ќе го направите тоа, можете да поминете со прстот двапати надолу по екранот за да ги отворите брзите поставки. Допрете ја вашата корисничка слика во долниот десен агол и изберете Add Guest.
Почекајте додека не се префрли во друг режим, во кој се достапни само основните апликации за Android.
8. Снимете што се случува на екранот
Android доаѓа со вградена функција за снимање екран. Отворете ги брзите поставки и изберете Screen Record па Start Recording. Можете да изберете дали да снима звук, меѓу другото. За да го прекинете снимањето, повторно отворете ги брзите поставки и допрете ја големата црвена лента.
9. Користете апликации една до друга
Повлечете со прст на почетниот екран за да ги видите сите апликации. Изберете ја апликацијата што сакате да ја користите и кликнете на тркалезната слика на горниот дел од прегледот на апликацијата.
Менито што ќе се појави треба да ја вклучува и опцијата Split top. Некои апликации можеби нема да ја поддржуваат оваа функција (на пример, Instagram), па затоа нема да ви биде достапна.
Ако е така, притиснете го. Апликацијата автоматски ќе биде поставена на половина од екранот, додека другата ќе има листа на апликации од кои можете да изберете друга апликација.
Помеѓу апликациите има дебела црна линија која ги раздвојува. Можете да ја користите за позиционирање на апликациите и за излез од режимот Split Screen. Само повлечете ја до крај нагоре или надолу.
10. Вратете ги изгубените известувања
Дали случајно го отстранивте известувањето пред да го прочитате? Притиснете на празниот дел од почетниот екран. Ќе се отвори режимот за прилагодување на екранот.
Изберете Widgets и пронајдете Settings. Повлечете ја оваа сликичка на празно место на екранот и поставете ја таму.
Ќе се појави список. Изберете Notification log и кликнете на сликичката за да ја отворите историјата на известувања.