TikTok имплементира нови начини, кои ќе им овозможат на креаторите на содржина да заработат пари од популарната платформа.
Компанијата планира да почне да дели дел од заработката со најдобрите креатори, кога нивните видеа ќе бидат објавени со одредени реклами. Програмата го отсликува начинот на кој YouTube ги плаќа своите создавачи и може да обезбеди значително поголема заработка и за платформата и за креаторите на неа.
Новата програма се вика TikTok Pulse и дозволува рекламите да се пуштаат одделно со најдобрите 4% од видеата на TikTok, се вели во објавата на блогот на компанијата. Креаторите и огласувачите, со најмалку 100.000 следбеници, имаат право да добиваат дел од заработката кога нивните видео-клипови ќе бидат дел од нова рекламна програма.
TikTok ќе дели 50 проценти од заработката од реклами од програмата Pulse со одобрените креатори. Ова е блиску до она што YouTube им го нуди на своите креатори, кои добиваат 55 проценти од рекламите.
Програмата TikTok Pulse ќе започне во јуни во САД, додека на дополнителни пазари ќе пристигне во текот на есента оваа година.
Поврзани артикли