RazerGuy беше доминантна фигура во игрите на почетокот на 2000-тите, како и неуморен борец за промовирање на специјализирани глувци, тастатури и слушалки.
Роберт Кракоф, ко-основачот на Razer, почина на 26 април на 81-годишна возраст. Кракоф беше клучната личност во создавањето на првиот регуларен гејминг глушец и популаризацијата на пазарот, а тоа беше Razer Boomslang.
We are saddened by the passing of Co-Founder and President Emeritus, Robert Krakoff, known by everyone as RazerGuy. Robert’s unwavering drive and passion for gaming lives on and continues to inspire all of us.
Thank you Rob, you will be missed. pic.twitter.com/2HKNcFaOj2
— R Λ Z Ξ R (@Razer) April 28, 2022
RazerGuy беше широко познат и почитуван во заедницата и беше опишан како љубезна и пристапна личност. Тој сериозно ги сфаќаше гејмерите, ентузијастите и професионалците, без разлика на нивното ниво на слава.
Кракоф водел интересен и богат живот надвор од индустријата за игри. Тој беше професионален играч за Лос Анџелес Рамс во 1960-тите, ги промовираше придобивките од фитнесот, а подоцна имаше бренд на додатоци за здравје и енергетски пијалоци. Има објавено и голем број книги.
Поврзани артикли