Развивачите на анти-cheat системот Ricochet, наменет за популарната игра Call of Duty, рекоа дека новата мерка за прикривање ги прави чесните играчи невидливи, односно дека измамниците не можат да ги видат.
Затоа, невозможно е измамниците да бидат конкурентни за време на натпреварот, без оглед на софтверот што го користат за мамење.
„Ликовите, истрелите, па дури и звукот на чесните играчи не се забележливи за измамниците. Од друга страна, чесните играчи можат да ги видат измамниците и веднаш да ги казнат за време на играта“, се вели на блогот.
RICOCHET seems to have another trick up it’s sleeve to combat cheaters in #Warzone ?
The anticheat appears to be making “legit” players completely invisible to confirmed cheaters as you can see in this video. pic.twitter.com/T5H53HL8Bs
— ModernWarzone (@ModernWarzone) February 19, 2022
Новата функција за маскирање е понудена заедно со претходната мерка против мамење наречена Damage Shield, која спречува измамите да им наштетат на чесните играчи.
Програмерите на Call of Duty банираа десетици илјади измамници во последните месеци, но тие продолжуваат да играат во компромитирана состојба, што им овозможува да продолжат да собираат податоци кои се клучни за препознавање на мамењето, односно однесувањето на измамниците. Играчите се охрабруваат рачно да ги пријават измамниците за да ги надградат функциите против нив.
Ricochet претходно беше достапен за играта Warzone, но сега пристигна и во Vanguard.
Досега, тимот на Ricochet банираше дополнителни 54.000 профили од последното ажурирање кога беа забранети 90.000 профили. Забранетите играчи ќе бидат избришани од табелите.