Твитер беше прогласен за виновен за административни прекршоци и навреда на руската држава и симболи.
Судот во Москва вчера го казни Твитер со три милиони рубљи (околу 37.000 евра), бидејќи, како што се наведува во образложението, одбил да ги отстрани објавите со упатства за подготовка на молотови коктели и нацистички свастики.
Како што беше соопштено, судот го прогласи Твитер за виновен за административен прекршок поради објавување објави со кукасти крстови, упатства за правење молотови коктели, информации со кои се навредува руската држава, химна и знаме, пренесува Интерфакс.
Адвокатот на одбраната Олег Володин побара од судот да ја прекине постапката поради „безначајност“, но судот одби, пренесува Интерфакс.
Најголемите интернет сервиси – Гугл, Телеграм, Твитер и ТикТок – беа казнети неколку пати поради одбивање да ја отстранат содржината забранета во Русија.
Вкупниот износ на казните против овие компании веќе е повеќе од 200 милиони рубљи (околу 2,5 милиони евра).
Поврзани артикли