Според неодамна објавените документи од Вселенската команда на Соединетите Американски Држави, научниците го откриле првиот познат меѓуѕвезден метеор кој паднал на Земјата. Меѓуѕвездените метеори се оние кои доаѓаат надвор од нашиот Сончев систем.
Овој метеор, наречен CENOS 2014-01-08, паднал на североисточниот брег на Папуа Нова Гвинеја на 8 јануари 2014 година.
Научниците Абрахам Лоеб и Амир Сираџ го идентификуваа овој метеор како можен меѓуѕвезден објект во 2019 година, но тие имаа проблем со објавување на нивната работа во признати списанија, бидејќи им недостигаа точни податоци, пишува Си-Ен-Ен.
Конечно, потребните информации се добиени од Џон Шо, заменик командант на Вселенската команда на САД. Оваа команда е дел од американското Министерство за одбрана задолжено за воени операции во вселената.
По оваа потврда, Сираџ и неговиот тим работат на објавување на наодите во признати научни списанија. Научникот исто така изразил желба да се обиде да пронајде дел од метеорот. Тој вели дека доколку научниците би можеле да ги добијат парчињата потребни за истражување, тоа би довело до бројни откритија поврзани со светот надвор од нашиот Сончев систем.