Хаваи ерлајнс наскоро ќе стане првата голема авиокомпанија која на своите патници ќе им обезбеди пристап до сателитски интернет Starlink.
Споменатата компанија склучила договор според кој ќе може на патниците да им нуди Starlink сателитски интернет на компанијата SpaceX на сите нејзини транспацифички летови.
Интернетот ќе биде достапен за патниците кои летаат со Ербас А321нео, Ербас 330 или Боинг 787-9, услугата ќе биде бесплатна, а брзината ќе биде доволна за стриминг и играње онлајн игри.
Хаваи ерлајнс ќе почне да го воведува Starlink интернет на „одбраните“ авиони во 2023 година, а засега нема планови на таа листа да се вклучи Боинг 717, кој оперира кратки летови меѓу хавајските острови.
Потпишаниот договор ја прави Хаваи ерлајнс првата голема авиокомпанија која почна да користи Starlink. На почетокот на овој месец, SpaceX потпиша договор со чартер авиокомпанијата JSX, која лета на пократки линии и со помал капацитет.
Компанијата Делта спроведе тестови на Starlink, но не е познато кога би можела да ја примени технологијата.
Договорот со Хаваи ерлајнс нема да значи нужно деловен напредок за SpaceX бидејќи некои големи авиокомпании веќе нудат сателитски интернет на своите патници и можеби нема да брзаат да ја сменат опремата чија инсталација понекогаш трае со години.
Сепак, договорот е добра вест за SpaceX, па нема да биде изненадување ако се појават нови клиенти по Хаваи ерлајнс.