Twitter се врти кон други програмери, кои би можеле да помогнат да се спречи вознемирување на популарната платформа.
Како дел од новиот експеримент, компанијата ќе препорача надворешни апликации за модерирање, како дополнителна мерка што корисниците можат да ја користат како додаток на веќе постоечките алатки вградени во Twitter.
Со ова ажурирање, Twitter ќе препорача неколку странични апликации, кога корисникот сака да блокира или замолчи друго лице. Засега е додадена апликацијата Block Party – алатка која им овозможува на корисниците автоматски да блокираат сметки кои имаат потенцијал да бидат извор на вознемирување. Тука е и Bodyguard, кој автоматски ги уредува одговорите, како и Moderate, кој ги уредува @mentions.
Споменатите алатки веќе беа достапни, но корисниците мораа да ги бараат за да ги конфигурираат. Сега Twitter сам ќе ги предложи, заедно со своите алатки за блокирање и замолчување на корисниците.