Американската компанија Monotype, која ги поседува авторските права на некои од најпопуларните фонтови во светот, им забрани на руските корисници пристап до нејзините страници.
На голем број санкции што западните земји и ги воведоа на Русија по воената интервенција врз Украина, им се приклучија и голем број технолошки компании. Тие веќе не ги продаваат своите производи и услуги на корисници од Русија, ги повлекоа своите работници или ги затворија нивните канцеларии таму, го прекинаа пристапот до веб сервисите и слично. Во тоа големо движење, кое има за цел економски да ја ослабне Русија, беше направен малку необичен потег.
Освен што веќе не можат да го купат новиот Office, да пристапат до Facebook или да купат нов телефон на Samsung или Apple, Русите неодамна не можат да преземат некои од најпопуларните фонтови во светот. Ова е резултат на бојкотот на американската компанија Monotype, која има авторски права за многу популарни дигитални фонтови, како Times New Roman, Helvetica, Verdana или Tahoma.
Russians have been blocked from using Times New Roman, and four other popular fonts, on computers due to Western sanctions, according to @RuBlackListNET https://t.co/Ge3ryPKBE9
— Mike Eckel (@Mike_Eckel) April 14, 2022
Руските медиуми минатата недела објавија дека на корисниците од нивната земја им бил оневозможен пристап до веб-страницата Monotype Imaging, т.е. нивниот богат каталог на фонтови. Ако сакаат да дојдат до тоа, ќе мора да користат некои од решенијата на VPN. Се разбира, корисниците кои веќе ги имаат своите фонтови на своите уреди и на веб, сепак ќе можат да ги користат.
Социјалните мрежи веќе се полни со шеги на оваа сметка, па едни велат дека Русија сега ќе го креира фонтот „Times New Russian“, други предлагаат капитулацијата да биде напишана во Comic Sans, а други велат дека ова е напад врз Русите „на сите фонтови“.
Поврзани артикли