Тројца кинески астронаути се вратија на Земјата по 183 дена минати во вселената, објавија кинеските државни медиуми. Ова беше најдолгата кинеска вселенска мисија со екипаж.
Астронаутите се вратија на Земјата девет часа откако го напуштија клучниот модул на првата кинеска вселенска станица.
Додека беа во орбитата, астронаутите рачно управуваа со она што кинеските медиуми го нарекоа „прифатен експеримент“ со товарното вселенско летало Tianzhou-2.
Откако ја напуштија Земјата во октомври, астронаутите Жаи Жиганг, Је Гуангфу и женскиот член на екипажот Ванг Јапинг поминаа 183 дена во вселената, завршувајќи пет од единаесетте мисии потребни за да се заврши вселенската станица до крајот на годината, пренесува Ројтерс.
Поради забраната на САД за пристап до Меѓународната вселенска станица, Кина ја помина последната деценија развивајќи ја технологијата потребна за изградба на сопствена вселенска станица.
Кина, која сака да стане сила во истражувањето на вселената до 2030 година, успешно спушти роботи за да го истражуваат Марс и да стане првата земја што спуштила вселенско летало на темната страна на Месечината.