Блиска средба меѓу вештачката интелигенција и органите на редот.

Полицијата во Сан Франциско минатата недела запре Chevrolet Bolt, кој компанијата Cruise, во сопственост на General Motors, го претвори во автономно возило. Во моментот кога полицаецот се приближил до автомобилот без возач, а потоа малку се оддалечил од него, возилото едноставно продолжило понатаму, за да застане по стотина метри.

Полициската патрола потоа тргна во една од најкратките потери и повторно го запре автономниот Chevrolet.

Од компанијата Cruise велат дека автономниот автомобил без возач немал намера да бега од полицијата, односно дека вештачката интелигенција не функционирала на тој начин.

Идејата била возилото да се паркира на побезбедно место. Наводно.

А зошто го запрела полицијата? Се споменува проблемот со несоодветните светилки.