Јужна Кореја се подготвува да го испрати својот прв шпионски сателит во вселената, со помош на SpaceX.
Како што расте заканата од глобален конфликт, така „глобалните играчи“ градат и одржуваат модерна разузнавачка инфраструктура која може да функционира независно. Затоа Јужна Кореја ќе го лансира својот прв шпионски сателит од домашно производство, што ќе се случи во 2023 година со ракетата Falcon 9 на SpaceX. Поточно, лансирањето е планирано за крајот на следната година, а Јужна Кореја планира да испрати пет сателити во орбита до 2025 година.
Се чини дека американските сојузници во Азија се подготвуваат да преземат повеќе одговорности во заедничката одбрана на регионот.
Потпишан е договор за лансирање на сателити помеѓу SpaceX и Државниот истражувачки институт на Јужна Кореја. Шпионскиот сателит ќе биде лансиран од САД кон крајот на следната година.
Јужна Кореја го следи својот проект од 2017 година, под името „425 project“, кој е вреден 970 милиони долари и има за цел да ги подобри извидувачките способности и да ја минимизира зависноста на Јужна Кореја од сојузниците како Соединетите држави. За да го постигне ова, Јужна Кореја мора да лансира и воени сателити, а еден веќе беше лансиран во јули 2020 година со помош на ракетата Falcon 9. Станува збор за сателит наречен ANASIS-II.
Со подобрување на своите капацитети од овој тип, Јужна Кореја би можела да ги предводи сојузничките западни сили во можен конфликт во регионот.
Кога сателитите ќе бидат оперативни, јужнокорејскиот одбранбен систем ќе може да ги следи воените активности во Северна Кореја, а намерата на Јужна Кореја е да ги зголеми своите способности во вселената. Ракета со цврсто гориво беше тестирана во март и е наменета да испрати мали сателити во ниската орбита на Земјата за операции за надзор.
Станува збор за ракета KSLV-II Nuri лансирана со намера да однесе пробен сателит во вселената, но не стигна до стратосферата по лансирањето од вселенскиот центар Наро. Проблемот беше што ракетните мотори се исклучија 40 до 50 секунди порано, така што сателитот за тестирање во последната фаза не достигна доволна брзина за орбитата. Сепак, јужнокорејските лидери ветија дека ќе продолжат да инвестираат во вселенски капацитети.