Италијанскиот производител е апсолутен рекордер во оваа категорија.
Повеќето производители на автомобили остварија поголем профит минатата година, и покрај помалку продадени возила. Ферари и понатаму е шампион во автомобилската индустрија во таа категорија, а по неа е Тесла, но профитот на американскиот производител на електрични автомобили е далеку од италијанскиот бренд.
Минатата година Ферари оствари околу 94.500 евра добивка по автомобил. Тесла е на второ место со повеќе од 6.100 евра добивка по продадено возило, покажува анализата објавена од порталот Motor1.
Не само Ферари и Тесла поминаа добро. Извештајот покажува дека 19-те најголеми производители на автомобили во светот, во просек, заработиле повеќе пари по продаден автомобил минатата година отколку во 2020 година.
Инаку, добивката во просек паднала од 1.168 евра по продаден автомобил во 2019 година на 811 евра во 2020 година, а лани се зголемил на дури 1.903 евра по возило.
Производителите се прилагодија на пандемијата и недостатокот на чипови, кои го погодија автомобилскиот сектор. Имено, според експертите, индустријата главно се фокусирала на производство на најпрофитабилните модели како теренци и електрични возила.
Дополнително, намалени се попустите и зголемени малопродажните цени на автомобилите.
Поврзани артикли