Како и многу други компании, Nokia исто така најави повлекување од рускиот пазар.
Nokia како објаснување за одлуката за повлекување ја посочи воената интервенција на Русија во Украина. Компанијата предвидува и дека одлуката ќе има многу мало влијание врз заработката на Nokia.
Компанијата ќе продолжи да нуди поддршка, со цел одржување на постоечките мрежи во Русија, по напуштањето на овој пазар. Беше истакнато дека не се знае колку време ќе трае повлекувањето на Nokia од Русија.
Русија имаше удел од само два отсто во нето-продажбата на компанијата Nokia во 2021 година, а се посочува дека другите региони покажуваат значително поголема побарувачка за производи и услуги на Nokia.
Поврзани артикли