Шпекулативниот рендер е заснован на дизајнот на новиот SUV CX-60.
Љубителите на автомобили со нетрпение чекаат да ја видат најновата генерација на Mazda 6, а според некои информации таа би можела да биде претставена во наредните месеци. И додека има одредени сознанија за погонските агрегати кои ќе се нудат во новиот модел, малку се знае како ќе изгледа овој автомобил.
Затоа, сајтот Carscoops објави неофицијален, шпекулативен рендер за идната Mazda 6 од авторот Sugar Design.
Очигледно е дека авторот инспирацијата за надворешниот дизајн ја добил од неодамна претставениот SUV CX-60. Размислувањето во оваа насока е сосема логично бидејќи Mazda примени сличен рецепт при лансирањето на актуелната „шестка“ чиј Kodo дизајн беше преземен од првата генерација на CX-5.
Без разлика на тоа колку овој независен дизајнер го „погоди“ изгледот на надворешноста во својот приказ, веќе се познати некои технички детали.
Познато е, на пример, дека новата „шестка“ ќе биде базирана на механичка основа со погон на задните тркала, што ја заменува постоечката платформа со погон на предните тркала.
Дополнителна атракција на новата Mazda 6 ќе биде тоа што ќе го нуди автомобилот со 6-цилиндрични линиски бензински и дизел мотори, веројатно истите агрегати што го придвижуваат теренецот CX-60.
Станува збор за 3,0-литарски e-Skyactiv X бензински мотор со 6 цилиндри, потпомогнат од 48-волтен „лесен“ хибриден систем и линиски 6-цилиндричен 3,3-литарски дизел e-Skyactive D, исто така поврзан со 48-волтна технологија на „лесен“ хибрид. Спецификациите на овие две „шестки“ се уште не се објавени.
Дополнително, се очекува да биде понудена и plug-in хибридна верзија, во чие срце е 2,5-литарскиот Skyactiv-G бензинец со 4 цилиндри, 192 КС (141 kW) при 6.000 вртежи во минута и 261 Nm. Помогнат е од електричен мотор од 136 КС (100 kW) и 250 Nm, а струјата се складира во батерија со капацитет од 17,8 kWh.