Илон Маск, сега најголемиот акционер на Твитер, продолжува со предлозите за промена на оваа социјална мрежа.
Тој неодамна објави анкета на популарната страница во која бара од корисниците да гласаат дали сакаат копче за едитирање на твитот.
Тој сега постави нова анкета и ги праша корисниците дали буквата „w“ треба да се отстрани од името на Твитер.
Delete the w in twitter?
— Elon Musk (@elonmusk) April 10, 2022
Понудените одговори се „да“ и „секако“, со што се пошегува во негов стил.
За помалку од еден час добил 400.000 одговори на анкетата.