Зад најавата за играта стои Terrible Toybox, развивач на Thimbleweed Park и реномираното студио Lucasfilm Games, кое беше вклучено во развојот на првите четири игри Monkey Island.
Обожавателите на класичната видео игра од серијата Monkey Island беа воодушевени кога ја видоа најавата на авторот на играта Рон Гилберт, за новото продолжение на оваа серија. Но, со оглед на тоа што најавата беше објавена на 1 април, многумина го протолкуваа како првоаприлска шега.
Сепак, Гилберт изгледа е сериозен и работи на продолжение на играта наречена „Return to Monkey Island“. Тој дури објави и видео најава за играта, а според моментално достапните информации, се чини дека играта би можела да го види светлото на денот оваа година.
Според објавениот опис, „Return to Monkey Island“ е долгоочекуваното продолжение на The Secret of Monkey Island и Monkey Island 2: LeChuck’s Revenge”.
Зад најавата за играта стои Terrible Toybox, развивач на Thimbleweed Park и реномираното студио Lucasfilm Games, кое беше вклучено во развојот на првите четири игри на Monkey Island.
Засега нема дополнителни информации за самата игра, ниту кога точно би требало да стане достапна.
Поврзани артикли