Компанијата ByteDance, која е сопственик на TikTok, наводно создала лажни сметки со содржина преземена од Instagram, Snapchat и други мрежи, а потоа содржината била објавена на Flipgram во 2017 година.
Сето ова е наведено во извештајот на BuzzFeed News, кој сугерира дека компанијата преземала видео содржини, кориснички имиња, фотографии и други информации од социјалните мрежи и ги поставила на апликацијата Flipgram без одобрение и знаење на корисниците.
Четворица поранешни вработени во ByteDance изјавија за BuzzFeed News дека оваа манипулација започнала откако компанијата го купила Flipgram во 2017 година. Внатрешната документација до која имаа пристап медиумите покажува дека споменатиот процес е окарактеризиран како „хак за раст“ на компанијата.
Двајца поранешни вработени истакнаа дека стратегијата за кражба на содржина е користена за обука на алгоритмот ByteDance „For You“, кој денес го користат TikTok и неговиот кинески еквивалент Douyin.
BuzzFeed News контактирал со ByteDance за скандалот, на што компанијата одговорила: „ByteDance го купи Flipgram во 2017 година, кога го управуваше, а потоа Vigo Video, за краток период. Flipgram и Vigo престанаа да работат пред неколку години и не поврзани со кој било производ на ByteDance“.
Кражбата на содржина за да се поттикне растот, како што сугерира извештајот, не била невообичаена за услугите од овој период. Сепак, се поставува прашањето дали денешните алгоритми на TikTok се обучени со користење на видео содржината на ривалските апликации.
Извор: Б92