Неколку нови сертификати ги откриваат наводните батерии за претстојната iPhone 12 серија смартфони на Apple. Сертификатите откриваат и детали за капацитетот на батериите, што помага кај предвидувањето на тоа кои iPhone 12 модели би можеле да ги користат.

Три батерии пристигнуваат со A2471, A2431 и A2466 ознаки на модели. A2471 има капацитет од 2227mAh и се очекува дека ќе го напојува 5.4-инчниот iPhone 12. Моделот A2431 има 2775mAh, а би требало да се користи за iPhone 12 Max и iPhone 12 Pro, кои ќе имаат дисплеи од 6,1 инчи. На крајот, A2466 батеријата има 3687mAh капацитет и се очекува на 6,7-инчниот iPhone 12 Pro Max модел.

apple2_71.jpg

Покрај сертификатите за батериите, забележан е и новиот 20W полнач на 3C листингот. Неодамнешниот извештај на аналитичарот Минг-Чи Куо сугерираше дека Apple можеби нема да испорачува полнач (како ни слушалки) во пакувањето на iPhone 12 серијата, така што ова би можеле да бидат опционални додатоци, кои се купуваат засебно.

Годинашните iPhone модели нема да имаат полнач во пакувањето