Honor за само три дена претстави три смартфони од средната класа од Honor X серијата. Последниот е Honor X7, кој беше објавен вчера во Малезија.
Honor X7 работи со Qualcomm Snapdragon 680 чип. Доаѓа во комбинација со 4GB RAM и 128 GB простор за складирање, а има и слот за microSD картичка за проширување на меморијата. Телефонот доаѓа со Android 11, врз кој е имплементиран Magic UI 4.2 интерфејс.
Предниот дел на телефонот е покриен со IPS LCD екран со дијагонала од 6,74 инчи, HD+ резолуција од 720×1600 пиксели и сооднос на екранот 20:9. На десната рамка на телефонот има скенер за отпечатоци, а над него е копче за контрола на јачината на звукот. Под капакот на уредот се наоѓа батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 22,5 W. Во долниот лев агол на куќиштето стои името на компанијата Honor.
Телефонот има вкупно пет камери. Одзади е сензорот за главната камера од 48 MP. Нему му се придружуваат ултраширок сензор од 5 MP, макро сензор од 2 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Овие камери се во овален исечок на задната страна заедно со LED блицот, додека на предната страна се наоѓа селфи камера со сензор од 8 MP.
Другите карактеристики вклучуваат поддршка за отклучување со лице, двоен SIM, 4G VoLTE, Wi-Fi 802.11ac, Bluetooth 5.1, GPS, синхронизација и порта за полнење USB-Type C и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.
Телефонот е достапен во Titanium Silver и Ocean Blue бои. Honor допрва треба да ја објави цената на овој телефон.