Познатиот кинески типстер DCS сподели интересен извештај за претстојниот Sony сензор за камери, кој им пристигна на производителите на тестирање. Некои шпекулираат дека се работи за Exmor IMX800 за кој се зборуваше дека е наменет за Xiaomi 12 Ultra.
Она што е изнесено од информациите се чини дека е во склад со досегапшните гласини – 50MP, големина 1/1.1″, што го прави најголем во индустријата и речиси е ист како 50MP 1/1.12″ GN2 сензор, што се користи во Xiaomi 11 Ultra.
Камерите на Xiaomi 12 Ultra ќе ги задржат резолуциите од 50MP, 48MP и 48MP, но сепак би можеле да донесат надградба на хардверот.
Поврзани артикли