Оваа година досега беше повеќе од здодевна за Qualcomm. Најпрвин, ги видовме новите имиња за најдобрите процесори на оваа компанија, кои веќе не се троцифрени и почнуваат на 8, со ново име, малку комплицирано за изговор – Snapdragon 8 Gen 1.
Перформансите на овој процесор никој не ги оспоруваше, но набрзо по претставувањето беа забележани првите проблеми со сериозно загревање на овој процесорски чип. Значи, слична приказна како со Snaprdagon 888, само малку полоша.
Оттогаш, компанијата работи на подобрен модел на најновиот процесор Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1+. Досега немаше поконкретни информации за тоа кога може да се појави процесорот, но сега издавачот Yogesh Brar презентираше детали за тоа дека овој чипсет би можел да се појави на почетокот на мај оваа година.
Во моментов нема многу информации за Snapdragon 8 Gen 1+, но познато е дека ќе се произведува во 4 нанометарскиот процес на TSMC, што би требало да биде поефикасен од сличниот процес на производство на Samsung.
Во овој момент, многу производители на мобилни телефони го имаат овој процесор во свои раце, како и другите процесори од Qualcomm 700 серијата, кои треба да бидат претставени во слично време како Snapdragon 8 Gen 1+. Некои од компаниите кои најавија дека нивните нови флегшип смартфони треба да го имаат токму овој водечки чипсет се Xiaomi, OnePlus, Motorola и Lenovo.