Корисниците на популарната услуга за стриминг можат да уживаат во функциите на Netflix Games од ноември минатата година. Изборот не е посебен, но добра вест е што на Netflix доаѓаат три нови видео-игри, вклучувајќи го и првиот FPS наслов на платформата.
Според официјалното соопштение на Netflix, корисниците веќе можат да ја испробаат едукативната видео-игра „This Is A True Story“ и на тој начин да се запознаат со приказната за една Африканка која секој ден се бори да донесе вода во своето семејство.
„Врз основа на вистински интервјуа и искуства, овој RPG им овозможува на играчите да истражуваат прекрасен, рачно насликан пејзаж додека преживуваат бура, фаќаат ловокрадци и се дружат со кози“, велат од Netflix.
Shatter Remastered е втората видео-игра, што претплатниците на Netflix веќе можат да ја играат. Oва е ажурирана верзија на играта, која првпат ја виде светлината на денот во далечната 2009 година на PlayStation 3.
„Овие ажурирани верзии, оптимизирани за мобилни уреди, вклучуваат глобални табели со најдобри резултати, за да можете да ги следите вашите резултати и да се натпреварувате со најдобрите пробивачи на тули во светот“, истакнуваат од компанијата.
На крајот, првиот FPS наслов на платформата „Into The Dead 2: Unleashed“, сè уште нема официјален датум на издавање, но Netflix вели дека ќе пристигне наскоро. Оваа игра сигурно ќе им се допадне на корисниците кои сакаат да пукаат во зомбија, а интересно е што славниот актер Мет Вилан до даде својот глас на еден од главните ликови.
Поврзани артикли