Полн резервоар од 70 литри моментално се плаќа 164 евра, а казната за неплаќање е на ниво од 131 евро
Огромното поскапување на горивата во Европа предизвика бран на незадоволство кај возачите кои смислуваат начини како „да заштедат“ на бензинска пумпа. Во морето на иновативни идеи, Холанѓаните отишле најдалеку.
Тие едноставно не плаќаат за горивото. Го полнат резервоарот и си заминуваат.
Иако тоа е чиста кражба, возачите во Холандија имаат сметка да го направат тоа. За полн резервоар од 70 литри во моментов се плаќа 164 евра, а казната за таков прекршок е 131 евро. Значи, ако ги фатат во прекршок, дури и ќе заработат 33 евра. Така барем мислат.
Според холандските медиуми, минатата недела се регистрирани 370 кражби на гориво. Крадците обично само избегале, но вработените на бензинските пумпи тврдат дека многу возачи откако ќе наполнат гориво им велат дека немаат со што да платат. Некои им оставале документи како гаранција по кои никогаш не се вратиле.
Лоренс ‘т Харт од агенцијата SODA која го следи криминалот на бензинските пумпи објаснува што се случува:
„Не мислам дека има зголемување на криминалот. Луѓето сакаат да платат, но не можат. Очекуваме феноменот на неплаќање да продолжи се додека цените на горивата дивеат“.
Тој ја коментира и пресметката дека е подобро да се плати казна отколку полн резервоар:
„Го видов тоа на интернет, но морам да ги предупредам потенцијалните крадци дека нема дупки во законот. Покрај казната, мора да го платат и трошокот за гориво. Значи, не е исплатливо“.
Поврзани артикли