Новата карактеристика на услугата вклучува дел што го олеснува вметнувањето и дигитализирањето на старите фотографии и видео фајлови.
Во текот на следните неколку недели, Google ќе испорача нова функција за апликацијата Photos, која ќе им помогне на корисниците полесно да ги организираат снимките што ги создале со текот на годините.
За почеток, компанијата го ажурира изгледот на апликацијата, така што групите фотографии ќе можат да се прикажуваат како мрежа или листа што може да се филтрира по тип, албум, фаворити и папки на уредот.
Google Photos update adds a handy import option alongside other organizational changes https://t.co/3Il0RlKrns by @sarahintampa
— TechCrunch (@TechCrunch) March 22, 2022
Исто така, во долното мени ќе има дел „import photos“, кој ќе помогне при префрлање фотографии од други сервиси, како Facebook и iCloud.
Новата функција ќе го олесни и копирањето на фајлови од камерата, како и дигитализирањето на старите фотографии и видеа. Има и опција која помага при скенирање физички фотографии со помош на телефонот.
Поврзани артикли