Погонот на Tesla официјално е отворен во Германија, а директорот на компанијата привлече големо внимание.
Eлон Маск официјално го отвори првиот производствен погон на Tesla во Европа, затоа што компанијата настојува да го намали притисокот на своите други погони во САД и Кина.
Elon Musk dancing at the opening of the new #gigafactory just outside Berlin, where he was handing the first Tesla Model Y vehicles to their owners #GigaBerlin pic.twitter.com/mxcO8RYs6T
— Daniel Orton (@MisterOrton) March 22, 2022
Меѓутоа, медиумите ширум светот пишуваат за тоа што правел основачот на Tesla на отворањето. Маск бил забележан како игра додека ја најавува испораката на првите Tesla автомобили од погонот во Германија за 30 клиенти и нивните семејства во фабриката која вреди 5 милиони евра.
„Ова е прекрасен ден за Tesla“, изјавил Маск. Директорот на компанијата го оживеал сеќавањето на движењата во фабриката во Шангај во 2020 година, кога покажал дел од своите танцови способности.
Elon is dancing again!! pic.twitter.com/IKcQCYhk6u
— Tesla_Adri (@tesla_adri) March 22, 2022
Елон Маск на крајот од еуфоријата поради првата испорака на Tesla автомобили од Европа на Твитер објави: „Danke Deutschland“, а на речиси 170 илјади луѓе им се допаднал неговиот твит на германски јазик.
???? Danke Deutschland!! ????
— Elon Musk (@elonmusk) March 22, 2022
Инаку, во полн капацитет фабриката би требала да произведува по 500.000 автомобили годишно, значително повеќе од „Volkswagen“ кој минатата година ширум светот продал 450.000 електрични возила на батерија.