Корисниците од петокот попладне пријавија проблем со функционирањето на услугата Google Maps, која не работеше на повеќе локации низ светот.
Google официјално потврди дека Google Maps не работел за некои корисници, но од компанијата истакнуваат дека грешката во функционирањето на услугата е отстранета, додека грешките се исправени.
Повеќе од 12.000 корисници пријавиле ограничен или недостапен пристап до Google Maps и сродните услуги. Google истакна дека работи на отстранување на проблемот, но не посочи што е конкретниот проблем и што го предизвикало.
Проблемите кои беа забележани на платформата Google Maps му пречеа на Web и Javascript API сервисот за одредување на насоката, базата на податоци на локации и други елементи. Покрај тоа, мапите не се вчитуваа и корисниците не можеа да ги користат.