Google полека, но сигурно на сè повеќе телефони и таблет уреди го пласира својот оперативен систем Android 12 со новата тема Material You и низа нови функции. Иако некои производители на уреди со Android сè уште лансираат нови телефони базирани на Android 11, Google повеќе не гледа назад и веќе одреди датум за лансирање на Android 13.
Извршниот директор на Google и неговата матична компанија Alphabet, Сундар Пичаи, објави дека Google ќе ја одржи Google I/O конференцијата онлајн од 11-12 мај.
Во согласност со вообичаената практика, оваа Google I/O конференција ќе донесе нова верзија на Android – оперативниот систем Android 13, а Android 13 developer preview верзијата е веќе онлајн, и моделите од Google Pixel серијата можат да го испробаат овој оперативен систем.
We'll be back live from Shoreline Amphitheatre for this year's #GoogleIO! Join us online May 11-12 https://t.co/KgNKbaLeym pic.twitter.com/NUodJb7UCi
— Sundar Pichai (@sundarpichai) March 16, 2022
Во споредба со Android 12, Android 13 дополнително ќе ја зајакне заштитата на приватноста. Корисниците можат да им дозволат на апликациите да добиваат одредени дозволи за фотографии или видеа, така што не мора да се грижат дали нивната приватност ќе протече кога апликациите ги добиваат сите дозволи.
Освен тоа, уредите со Android 13 можат да избегнат споделување лични информации за локацијата кога се поврзуваат со уредите во близина преку Wi-Fi мрежата, што ефективно го спречува пристапот до информациите за локацијата на корисникот.
Потрошувачите може да очекуваат Google да го покрене официјалното ажурирање на Android 13 во втората половина од годината, а Google Pixel ќе биде првата серија на модели што ќе ја тестира официјалната верзија на ажурираниот оперативен систем.
Поврзани артикли