Тројцата руски космонаути кои пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, носеа жолто-сини костими, како боите на украинското знаме.
Тие дојдоа со капсулата „Сојуз“, а во посадата се наредникот Олег Артемјев, Денис Метвејев и Сергеј Корсаков. На МВС дојдоа по тричасовен лет од Казахстан. Се работи за први космонаути од Русија, кои дојдоа на МВС по нападот.
Веќе во неколку наврати се спомнуваше дека нивниот лет ќе биде откажан поради војната. Но, сепак полетаа. Во видеото кое е објавено непосредно пред летот космонаутите носеа бело-сини костими. Но, на МВС се споија со жолто-сини костими.
На МВС срдечно ги пречекаа американски и германско колеги, како и Руси кои веќе беа горе. Еден од космонаутите, Олег Артемјев, прашан за жолто-сините костими, кога разговараше со членовите на семејството на Земјата, рече дека секој член бира што ќе носи. Додаде дека имале многу жолт материјал и требало да го искористат.
Поврзани артикли