Компанијата Samsung го претстави следниот чекор во еволуцијата на највисоката класа на своите телевизори – QD-OLED технологијата. Оваа технологија ѝ е позната на јавноста уште од CES саемот на почетокот на оваа година, а корисниците сега добија подетален поглед на овие телевизори со неверојатни перформанси. Дополнително, конечно се знае колку ќе чини оваа нова технологија, а на клиентите им е дозволено и однапред да ги нарачаат овие уреди.
Пред цената, време е да се запознаеме со сето она што го донесува оваа нова технологија. QD-OLED телевизорите имаат панели кои ја комбинираат Quantum Dot технологијата на Samsung, која обезбедува многу висока осветленост на екранот, над 1000 нита, со најдобрите карактеристики на OLED телевизорите, како што се совршена црна нијанса, молневита брзина на освежување на поединечните пиксели и теоретски бесконечно ниво на контраст.
Накратко, оваа технологија на панели се состои од Quantum Dot слој на екранот кој се наоѓа под OLED слојот. Целта на Quantum Dot делот од екранот е да емитува сина светлина што ги осветлува индивидуалните пиксели на зелената и црвената боја присутни во OLED сегментот на екранот. Ова во суштина го претвора секој од овие пиксели во три подпиксели, покривајќи го RGB спектарот и создавајќи вистинско бела светло.
Телевизорот претставен од Samsung е S95B кој работи со истиот Nerual Quantum процесорски чип што се наоѓа во нивниот Samsung Neo 8K телевизор. Оперативниот систем, како што се очекуваше, е нова итерација на Tizen, а аудио решението поддржува Dolby Atmos, како и Object Tracking Sound што пружа сараунд ефект. Конечно, тука е Q-Sympathy функционалноста која овозможува истовремена репродукција на звук преку интерните звучници и soundbar.
Од останатите интересни податоци, има поддршка за HDR10+, како и освежување на екранот од 120 Hz. Засега Samsung не даде информации за максималната осветленост на телевизорот, што традиционално е предност на QLED екраните во однос на OLED панелите.
Профилот на телевизорот е многу тенок, а Samsung овој дизајн го нарекува „LaserSlim“, кој ветува дека овој телевизор ќе зафаќа многу малку простор, барем во една димензија.
Овој телевизор од денеска е достапен за преднарачка во две дијагонали, 55 и 65 инчи и по цени од 2.399 и 3.499 долари. Единствената друга компанија што прикажа телевизори со истата технологија е Sony, но засега не можеме да ги споредуваме цените бидејќи Sony сè уште ценовно не ги позиционираше своите уреди.