Креирана е играта playforukraine.life, која помага во блокирањето на руски војни онлајн ресурси.
Украинските ИТ специјалисти креираа онлајн игра во интернет прегледникот, со цел да помогнат во борбата против руската војна акција на Украина. Играта е направена така што секој потег на играчот дополнително ги приближува руските сајтови кон тоа да бидат блокирани.
Играта е заснована на играта 2048 – нумеричка puzzle игра која бара само основно знаење од аритметика. Благодарение на едноставната механика, играта е достапна и за помладата популација.
200+ Russian websites were attacked by 2048 players since we started. Keep playing! @mintsyfra thank you for support! #CancelRussia #StopRussia #SaveUkraine pic.twitter.com/rS6vDwpA5B
— playforukraine (@playforukraine1) March 15, 2022
Се посочува дека еден играч може да испрати околу 20.000 барања во текот на еден час играње, со цел да ги блокира сајтовите кои ѝ служат на руската армија. Специфична листа на овие страници не е објавена од безбедносни причини.
„Нашата главна цел се сајтови кои ѝ служат на руската армија. Не сакаме да му откриваме конкретни цели на непријателот, па затоа листата на локации не е објавена. Работиме и на задачи за украинската ИТ армија”, велат креаторите на играта.
Се наведува дека играта не е опасна за интернет прелистувачот на корисникот и дека се потпира на постојана серија на автоматски протек со цел руските сајтови да се нападнат и да бидат срушени.
Поврзани артикли