Археолози открија оловен саркофаг и насликани фрагменти под денешното ниво на подот на катедралата Нотр Дам, а откритието нуди нов увид во историјата на зданието кое моментално се реконструира по катастрофалниот пожар во 2019 година.
Во Нотр Дам, катедрала од 12 век, во тек е ископување како превентивна мерка, пред да се постават скелиња потребни за обновување на дрвениот гребен на покривот висок 100 метри.
„Во трансептот на катедралата (попречен брод – во црковната архитектура претставува број поставен нормално (под прав агол) во однос на надолжните бродови (главен и бочните бродови) така што го раздвојува светилиштето од остатокот на црквата и на основата ѝ дава облик на латински крст) откриени се фрагменти со извонреден научен квалитет“, вели француската министерка за култура Розелин Башело до 25 март.
Местото на ископување лежи под карпест слој од 18 век, но некои пониски нивоа датираат од 14, а некои дури и од почетокот на 13 век, соопшти Министерството за култура.
„Успеавме да „турнеме“ мала камера внатре, која откри остатоци од ткаенина, органска материја како коса и остатоци од растенија“, изјави Кристоф Бесниер од Францускиот национален археолошки институт. „Фактот што остатоците од растенијата се уште се таму укажува дека содржината е многу добро сочувана“.
Археолозите веруваат дека оловниот саркофаг веројатно припаѓал на некој висок достоинственик и претпоставуваат дека би можел да потекнува од 14 век, што, доколку се потврди, би го направило спектакуларно откритие.
Ископувањата открија и јама веднаш под денешното ниво на подот на катедралата, која веројатно била изградена околу 1230 година, кога се градела катедралата Нотр Дам, еден од најстарите примероци на француската готика.
Други делови од зградата, уништени во почетокот на 18 век, биле откриени за време на реставрацијата на Нотр Дам во средината на 19 век и веќе се изложени во музејот Лувр.
Пожарот што ја зафати речиси целата Нотр Дам во 2019 година ја шокираше Франција и светот. Расплаканите парижани и запрепастените туристи потоа со неверување гледаа како пожарот ги „голта“ кулите на една од најпознатите цркви во светот.