Социјалната мрежа Instagram конечно им овозможи на Live креаторите, односно стримерите, да додаваат модератори во текот на своите стримови во живо.
Модераторите ќе имаат можност да пријавуваат коментари, да ги отстранат гледачите од стримот, како и да бришат коментари за одреден гледач или корисник.
Од Instagram истакнуваат дека креаторите можат да ја доделат улогата на модератор со допирање на три точки во лентата за коментари за време на преносот во живо, а потоа да изберат личност од листата на предложени профили или едноставно да користат пребарувач за да стигнат до саканиот профил.
Streamers + Mods = Dynamic Duo ❤️
We’re launching Live Moderator on Instagram Live, where creators can assign a mod and give them the power to:
✅ Report comments
✅ Remove viewers from Live
✅ Turn off comments for a viewer pic.twitter.com/S9j7s4dInB— Instagram (@instagram) March 11, 2022
Live преносот беше овозможен во 2016 година, па малку е шокантно што Instagram дури сега ги овозможува модераторите.
Модераторите станаа многу важен дел од платформите за пренос во живо, како што се Twitch и YouTube, каде коментарите можат многу брзо да станат грди. Дури и сестринската компанија на Instagram, Facebook им овозможува на корисниците да додаваат модератори во преносите во живо, како и алатки за отстранување на троловите.
Instagram се обидува да привлече повеќе креатори во својот Live пренос нудејќи можност за монетизација, а воведувањето модератор дефинитивно ќе помогне во тоа.