Пред 15 години се појавија фотографии од лажната, пренослива конзола Gamecube. Рендерите прикажуваа рачна конзола во формат на лаптоп, која изгледаше премногу добро во периодот во кој што се појави.
Сепак, споменатиот концепт сега е оживеан со помош на постоечките технологии, па еден корисник реши да го модифицира уредот и да го направи вистински.
Конзолата ја креираше GingerOfOz, која тврди дека модифицикуваниот Gamecube може да покренува цела библиотека на игри објавени за конзолата. Сепак, интересно е што во внатрешноста на уредот не се наоѓа Gamecube.
Y'know that fake GameCube portable that has floated around the internet for 15 years? Well, I got tired of it being fake. It's real now. pic.twitter.com/Ihox29CoP0
— GingerOfOz (@GingerOfMods) March 12, 2022
Наместо таа конзола, модерот користел Wii, кој е компатибилен со сите игри на Gamecube, така што ги поддржува од старт.
Прашањето е зошто корисникот се одлучил за Wii наместо хардверот на Gamecube? Wii троши помалку енергија и полесно е да се мофификува без специјална опрема. Поради помалиот TDP, Wii бара помалку дополнително ладење, што го прави полесен за конвертирање во рачна конзола.
За жал, изменетиот уред нема диск драјв, бидејќи тоа значително би ја зголемило големината. На предната страна на куќиштето има само лажен отвор за дисковите, со цел да се одржи автентичноста на оригиналниот дизајн.