Компанијата Activision официјално го објави трејлерот за играта „Call of Duty: Vanguard“.

Видеоиграта ќе биде достапна на PC, PS4, PS5, Xbox One, Xbox Series X и Series S на 5 ноември оваа година.

Претходно беше објавен и тизер, но не беа откриени многу детали.

Ликовите се инспирирани од вистински историски личности. Ќе се појават снајперистката Људмила Павличенко која во играта ќе ја претстави Полина Петрова, британскиот војник Сидни Корнел – ликот Артур Кингсли и други херои.

Играта не е само историска бидејќи уште четири главни лика ќе бидат во заедничка измислена мисија под назив Operation Phoenix.

Погледнете го трејлерот: