Apple на неодамнешниот настан го објави Mac Studio, нов компактен компјутер наменет првенствено за професионалци кои се занимаваат со креирање содржини. Сепак, она што беше најинтересно кај овој компјутер е процесорот кој ќе го краси – M1 Ultra.
Имено, Apple го создаде најновиот чип од својата M1 серија со поврзување на два M1 Max чипа и со тоа на корисниците им донесе невидена процесорска моќ. Затоа е многу интересно да се види како Apple ќе го подобри најмоќниот компјутер во својата понуда – Mac Pro.
Засега и Mac Pro и Mac Mini користат Intel x86 процесори. Сепак, според Expreview, можно е Apple да развива сосема нова линија на процесори наречена Redfern. Овие процесори ќе ја користат истата технологија за поврзување на два чипови за да добијат многу помоќно решение. Во овој случај, тоа би можело да биде поврзување на два M1 Ultra процесори за да се добие чип што има 40 јадра (32 јадра „перформанси“ и 8 јадра „ефикасност“) како и поддршка за 256GB унифицирана меморија со мала латентност. Овие процесори се очекува да се појават во септември, како дел од новата линија на Mac Pro компјутери .
Ова се совпаѓа со претходните наводи дека се очекува Аpple да користи сопствени чипови во новите Mac Pro компјутери. Во тоа време, наводното кодно име за новата серија процесори беше Jade 4C-Die“ а исто така се очекуваше да има вкупно 40 јадра. Значи, можеби Redfern е само ново име за Jade 4C-Die.
Засега нема дополнителни информации, но сигурни сме дека новиот Mac Pro сигурно ќе биде моќен компјутер за професионалци кои, исто така, сигурни сме, ќе имаат малку повисока цена. Исто така, новата технологија за поврзување со чипови остава простор за некои многу интересни и брзи решенија. Не знаеме како ќе изгледа, но веруваме дека ќе биде многу интересно да го видиме на крајот на летото.
Извор: Benchmark.rs