Nintendo Switch во февруари беше најпродавана конзола, пред Sony Playstation 5 и Xbox Series X конзолите. По слабиот јануари, кога PS5 беше најпродавана конзола, а Switch на третото место зад Xbox Series X, сега Nintendo Switch е на врвот.
Минатиот октомври, PS5 ја прекина серијата на Switch долга речиси три години, а оттогаш на врвот се менуваат PS5 и Switch секој месец. Новиот Switch OLED ја засили продажабата на конзоли, па воглавно конзолата на Nintendo беше на врвот, во ноември и декември 2021. година. Иако Switch продаде најмногу, PS5 заработи повеќе пари оттогаш.
Најпродавана игра во февруари очекувано беше Elden Ring и тоа многу убедливо. Најдобро од се е што Elden Ring излезе на 25. февруари, па за четири дена успеа да биде најпродаван.