Sony Interactive Entertainment, филијалата на Sony задолжена за конзолата PlayStation, ги сопре сите испораки на хардвер и софтвер до Русија поради нападите на оваа земја врз Украина.
„SIE и се придружи на глобалната заедница во повикот за мир во Украина. Ги прекинавме сите испораки на хардвер и софтвер, лансирањето на Gran Turismo 7 и сите операции на PlayStation Store во Русија“, изјави портпаролот на SIE, Џо Тараборели за The Verge.
Тој додаде дека Sony ќе донира два милиони долари на ОН и невладината организација Save the Children за да им помогне на Украинците.
Компанијата Bungie, која е во процес на преоѓаер во сопственост на Sony, работи на запирање на целата продажба и дистрибуција на Destiny 2 во Русија и Белорусија. Гејмерите во овие земји можат да пристапат до веќе купената содржина или да преземаат бесплатна верзија, но новите купувања се оневозможени. Исто така, достапен е бесплатен амблем со кој гејмерите можат да ја изразат својата поддршка за Украина.
На тој начин, SIE ги следи потезите на компаниите, вклучувајќи ги Activision Blizzard, Epic Games, EA, CD Project Red, Ubisoft и Take-Two, кои ги прекинаа операциите во Русија. Креаторот на конзолата Xbox, Microsoft исто така престана да ги продава своите производи и услуги во споменатата земја.
Nintendo го постави својот руски eShop во „режим на одржување“ бидејќи не се примаат рубљи, а одложено е и доаѓањето на Advance Wars 1 + 2: Re-Boot Camp, што беше планирана за 8 април.
Поврзани артикли