Бродот Атланта, за кој се мислеше дека е засекогаш изгубен, по 130 години е пронајден на дното на езерото Супериор во Северна Америка.
Потонатиот брод е пронајден на 56 километри од Диер Парк во Мичиген и е добро сочуван. Најден е на длабочина од 198 метри.
За откривањето на потонатиот брод е одговорно историското друштво Great Lakes Shipwreck Historical Society (GLSHS), а според податоците, бродот долг 16 метри е откриен со помош на сонар во соработка со Marine Sonic Technology.
Бродот Атланта носел јаглен кога потонал за време на бура на 4 мај 1891 година, додека го влечел паробродот Вилхелм. Седумчлениот екипаж се качил на чамецот за спасување и по неколкучасовно веслање стигнал до брегот, но додека се обидувал да се укотви, чамецот се превртел и само две лица преживеале.
Потонатиот брод е снимен со помош на брод на далечински управувач и беше откриено дека е добро сочуван благодарение на студените води на езерото Супериор.
Поврзани артикли