Иако деновиве сите очи беа вперени во новите уреди на Apple, компанијата официјално го претстави и своето ново седиште – голема транспарентна зграда во облик на прстен, во хармонија со природата, како што и замислуваше покојниот основач на компанијата, Стив Џобс.

Apple во своето ново седиште во салата која го носи името „Стив Џобс“ беа претставени новите модели телефони. Седиштето, пак, го носи името Apple Park е футуристички кампус на 70 хектари во кој може да се сместат 12.000 луѓе. Сместен е во срцето на Силиконската Долина и наликува на вселенски брод.

Седиштето е во согласност со вредностите кои ги поддржува Apple, односно технологијата и околината. Стив Џобс неколку месеци пред својата смрт во 2011 година на јавноста и го претстави проектот, кој архитектонски го осмисли Британецот Норман Фостер.

Самиот парк, изворно гoлем бетонски простор, е претворен во зелена површина с повеќе од 9.000 стебла, додека корпоративното седиште на Apple е дизајнирано за природата да може да се види одвнатре благодарение на стаклените ѕидови. Целиот комплекс се напојува со соларна енергија. Apple кон крајот на годината ќе почне да организира и туристички посети на својот парк.

Извор: Zimo.hr