Европската вселенска агенција (ESA) се подготвуваше за лансирање на роверот ExoMars, но дојде до ново одложување.

ESA минатата година изврши тестирање на падобран наменет за мисијата ExoMars, но поради рускиот напад на Украина, лансирањето беше повторно одложено. ExoMars требаше да биде лансиран во текот на летото 2020 година, но и тогаш мисијата беше одложена поради пандемијата на коронавирус и технички проблеми.

На 28 февруари агенцијата истакна дека не се согласува со постапките на Русија и дека нема да соработува со оваа земја во мисијата за испраќање ровери во вселената.

„Жалиме за човечките жртви и трагичните последици од војната во Украина. Приоритет е да се донесат соодветни одлуки, не само за нашата работна сила во програмите, туку и за целосно почитување на европските вредности кои отсекогаш го обликувале нашиот пристап кон меѓународната соработка“, се вели во соопштението на АВРМ.

Вселенската агенција додаде дека целосно ги спроведува санкциите воведени кон Русија. Поради тоа што мисијата ExoMars е заеднички проект на ЕСА и руската вселенска агенција Роскосмос, Eвропската агенција не може да продолжи со проектот.

Кога ќе се исполнат условите за продолжување на соработката и лансирање на мисијата ExoMars, роверот ќе бара органски молекули и знаци на живот на Марс. Планирано е роверот да биде лансиран наесен и да пристигне на Марс во 2023 година, но сигурно е дека тоа нема да се реализира.