Нешто пред 20 часот во текот на вчерашната ноќ, на небото над Хрватска блесна метеор.
Ова го соопшти Хрватското астрономско здружение, чија објава на Фејсбук се пренесува во целост, а едно снимено видео пренесе Истрамет.
„Со оглед на големиот број пријави и прашања од граѓаните, сакаме да известиме дека околу 19:55 часот е забележана светла огнена топка од повеќе локации во Хрватска, а горењето на вселенско тело најверојатно потекнува од астероидниот појас, кои според сегашните проценки изгореле во атмосферата некаде над централна Италија.
Огнената топка траеше околу 10 секунди, а од нашиот регион беше посветла од Месечината стара 4-5 дена, што значи дека над местото на летот беше многу веројатно значително посветла од полната Месечина.
P.s. per chi si fosse perso lo spettacolo ecco il passaggio della meteora immortalato da una webcam di Cesena. pic.twitter.com/lAyJqHemVJ
— Il Mondo dei Terremoti (@mondoterremoti) March 5, 2022
Хрватска, односно Глобалната метеорска мрежа забележа феномен и моментално се собираат и обработуваат податоци, а прелиминарен извештај може да се очекува утре до крајот на денот.
Засега објавуваме снимки од настаните снимени со метеорски камери од Хум и Роч во Истра“., соопштија од Хрватското астрономско здружение.