Колку пати ви се случило да влезете во кујна, да застанете пред фрижидерот и да немате никаква идеја што да зготвите од продуктите што ги гледате пред вас? А колку пати сте фрлиле нешто затоа што не ви текнало како да го приготвите и како да го јадете? Компанијата Whirlpool на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас пред неколку дена ја претстави најпаметната кујна.

Во соработка со Yummly,  мрежата за паметни рецепти со повеќе од 2 милиони корисници, која лани ја купи Whirlpool, во Лас Вегас го претстави најпаметното решение за сите кои фрлаат многу отпад од храна или нарачуваат нездрава брза храна. Ова решение ќе може да се најде во вашите домови во втората половина од 2018 година.

Апликацијата на Yummly сега е опремена со компјутерска интелигенција. Се што треба да направите е со камерата од телефонот да ги скенирате производите кои ги имате во фрижидер, а компјутерската интелигенција ќе создаде вкусен рецепт со продуктите кои ги имате на располагање.