Американски обвинители покренаа истрага за да откријат дали постои негативно влијание на децата и нивната безбеднсот.

Обвинители од Калифорнија, Флорида, Кентаки, Масачусетс, Небраска, Њу Џерси, Тенеси и Вермонт заедно работат на утврдување дали TikTok прекршува закон за заштита на потрошувачите и дали ја за загрозува јавноста.

Истрагата се занимава со потенцијална штета нанесена на млади луѓе и нивното евентуално наштетување поради употреба на апликацијата, како и за тоа што TikTok знае за ефектите врз децата.

Од TikTok се бараат информации за методите кои ги употребуваат за зголемување на корисничкиот ангажман меѓу младите луѓе како што е зголемување на времето што го минуваат користејќи ја апликацијата.

Оваа коалиција државни обвинители слична истрага најави во ноември, а се однесува на компанијата Meta во чија сопственост се социјалните мрежи Facebook и Instagram.

Од TikTok ја бранат безбедносната политика на компанијата, тврдејќи дека ги штити младите корисници.

Извор: Klix.ba