Технологијата за полнење на батерии напредува со брзо темпо, и додека до неодамна требаше да чекаме еден час или повеќе да се наполни до 100 проценти, наскоро можеме да очекуваме батеријата на телефонот целосно да се наполни за помалку од – 10 минути. Ваквата технологија беше претставена од кинеската компанија Oppo на годинашниот Мобилен конгрес во Барселона.
Се работи за 240 W технологија за полнење на батеријаата наречена 240 W SuperVOOC Flash Charge која носи брутални резултати. Според информациите од компанијата, батеријата од 4500 mAh може да се наполни до 50 проценти за само три и пол минути, додека за полнење до полн капацитет потребни се девет минути.
Не е познато кога можеме да очекуваме имплементација на оваа технологија во нивните телефони и веројатно ќе треба малку да почекаме, а не се знае какво е влијанието на ваквото брзо полнење на батеријата, односно нејзината деградација.
Оваа технологија не е единствениот новитет поврзана со полнењето на батериите што Oppo го претстави во Барселона. Имено, компанијата претстави и нов стандард за брзо полнење 150W SuperVOOC, благодарение на кој батеријата ќе се полни до полн капацитет за само 15 минути. До капацитет од 50 проценти со користење на оваа технологија батеријата ќе се полни за само 5 минути, додека десет минути потоа би требало да биде на 100 проценти.
Добра вест за оваа технологија е што наскоро ќе ја видиме на дело бидејќи треба да се појави на претстојниот (се уште непознат) модел на OnePlus во текот на вториот квартал од оваа година, односно најдоцна за три месеци.
Поврзани артикли