MWC 2022 саемот во Барселона почна денеска, а Realme ја подигна завесата со официјално претставување на Realme GT2 и Realme GT2 Pro уредите.
Realme GT 2 Pro е првиот полнокрвен флегшип смартфон на производителот, кој би требало да означи сериозна промена во стратегијата на компанијата.
Realme GT2 Pro кој го покренува Snapdragon 8 Gen 1 ќе се продава по почетна цена од 749,99 евра во Европа, додека Realme GT2 со Snapdragon 888 ќе почнува од 549,99 евра. Двата паметни телефони ќе бидат достапни во продажба на 11 март во Европа.
Основниот Realme GT2 ги има горе-долу истите спецификации како Realme GT2 Pro, а тоа се дизајнот на ефектот на хартија, батеријата од 5000 mAh и Realme UI 3.0. Разликите се во тоа што има AMOLED E4 екран од 120 Hz (не 2K AMOLED) и Snapdragon 888 5G SoC (не Snapdragon 8 Gen1).
Нов, иновативен дизајн на материјалите
Realme GT2 Pro доаѓа во три бои: хартиено бела, хартиено зелена и титаниум сина. Зошто „хартиена“? Бидејќи производителот соработуваше со индустрискиот дизајнер Наото Фукасава за развојот на полимерна обвивка од биолошки извори „заснована на концептот на хартиена уметност“. Конкретно, по 12 месеци истражување и 63 прототипи, Realme успеа да добие школка направена од одржлив композитен сертифициран ISCC+ материјал.
Овој LNP ELCRIN материјал од SABIC е изведен од отпад или остатоци од биомаса. Имитира хартија, лесен е, но исто така го намалува јаглеродниот отпечаток на Realme GT2 Pro за два кг CO2 по кг био-базиран кополимер.
Super Reality LTPO 2.0, 120 Hz, 1400 нита и 10-битен компатибилен екран
Екранот од 6,7-инчи на Realme GT 2 Pro е еден од најперспективните елементи на овој нов флегшип. Рамниот 2K AMOLED екран се заснова на LTPO 2.0 технологијата што треба да му овозможи на уредот попрецизна променлива стапка на освежување, помеѓу 1 и 120 Hz. Realme дебитира и со режимот GT 3.0 за да ја зголеми стапката на земање примероци на допир до 1000 Hz за игри, што е доста импресивно.
Екранот на Realme GT2 Pro исто така поддржува 10-битна длабочина на бои и нуди максимална осветленост од 1400 нита. Имајте на ум дека нивото на длабочина на бојата може да достигне 1.024 нијанси на црвена, зелена и сина, со вкупно импресивни 1,07 милијарди бои.
Екранот на Realme GT2 Pro е заштитен со Corning Gorilla Glass Victus стакло. Како и да е, со 2K дефиниција од 3216 x 1440 пиксели и густина од 525 dpi, спецификациите на екранот на Realme GT2 Pro ги имаат сите карактеристики на врвен уред со Android.
Троен модул на камерата со првиот ултраширок агол од 150°
Realme GT2 Pro има троен модул на камерата на задната страна со Sony IMX766 широкоаголна главна леќа од 50 MP , ултра широкоаголен објектив Samsung JN1 od 50 MP со видно поле од 150° и микрообјектив од 40x.
Објективот на главната камера од 50 мегапиксели го има IMX766 сензорот на Sony, како на
OnePlus 10 Pro, со омнидирекциски PDAF и OIS на сите пиксели. IMX766 има оптичка стабилизација на сликата за фотографии и електронска стабилизација на сликата за видео записи.